четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Унгарска полиција: Границата со Србија е под голем притисок поради мигрантите

Унгарска полиција: Границата со Србија е под голем притисок поради мигрантите
EPA-EFE/EDVARD MOLNAR HUNGARY OUT

Унгарската државна полиција соопшти денеска дека јужната граница на државата со Србија „е под голем притисок поради мигрантите“. Тие нагласуваат дела бројот на нивните акции тројно се зголемил во првите седум месеци од оваа година во споредба со 2020 година.

Од почетокот на годината досега, полицијата интервенирала 53.297 пати, наспроти 17.442 во периодот јануари-август 2020 година и притоа се уапсени 501 криумчар, наспроти 414 минатата година. Против приведените се водат 459 постапки, што е повеќе отколку за целата минатата година.

Полицијата спречила 26.600 илегални влезови од почетокот на пандемијата.