Во сафари парк во чилеанскиот град Ранкагва, тигар уби млада жена која работела таму, соопшти полицијата.
Жената, која полицијата не ја идентификуваше, била дел од персоналот кој чисти и го одржува заградениот простор за големи мачки во сафари паркот во градот Ранкагва, 90 километри јужно од главниот град Сантијаго.
„За жал, жената не забележала дека вратата на кафезот за животни е отворена и тигарот веднаш ја нападнал, предизвикувајќи ја нејзината смрт“, рече Вилијамс Еспиноза од полицијата во Ранкагва.
Сафари паркот е затворен додека полицијата спроведува истрага, а Хорхе Мена од регионалното јавно обвинителство, рече дека ќе испита можна вина на трета страна за она што се случи.
Сафари паркот Ранкагва не одговори на барањето за коментар.