Со машката маратонска трка низ улиците на Сапоро, спуштена е завесата на атлетските натпреварувања на Летните Олимписки Игри во Токио. Главниот фаворит, Кениецот Елиуд Кипчоге го освои златниот медал, откако низ целта мина со време 2:08.38 часа.
Сребрениот медал му припадна на Абди Нагеје од Холандија, кој задоцни една минута и дваесет секунди, а бронзата му припадна на Башир Абди од Белгија, чиј резултат беше за 1.22 минути послаб од победничкиот.