четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руската радарска служба открила 33 шпионски авиони

Руската радарска служба открила 33 шпионски авиони
илустрација

Во последните недели руската радарска служба открила повеќе од 30 странски авиони ангажирани во разузнавачки мисии на границата со Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во извештајот се наведува дека се откриени вкупно 33 странски авиони во извиднички мисии и 11 беспилотни летала, пренесува Тасс.

Рутите на нивните летови биле контролирани од руските радари, но руските ловци два пати полетале и успешно ги следеле летала за да спречат нарушувањето на руските граници и воздушниот простор, се наведува во соопштението на Министерството.