вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 245 казни за брзо возење

МВР: 245 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи.

Од нив, 12 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 129 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести