среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите против Швајцарија, Полска противник на кадетките

Кадетите против Швајцарија, Полска противник на кадетките

ЕХФ шампионатите во кадетска конкуренција на кои учествуваат и репрезентациите на Македонија се наоѓаат во финишот, па од утре до недела ќе биде познато на кое место ќе завршат момците и девојките кои ја претставуваат нашата земја.

Утре кадетите ќе го имаат полуфиналето против составот на Швајцарија, која денеска го совлада тимот на БиХ.

Македонија и Швајцарија ќе играат во вториот дуел од 18 часот така што ова ќе биде интересен дуел на кој кадетите ќе се најдат пред голем предизвик.

Претходно во првото полуфинале од 15:30 часот ќе се сретнат селекциите на Полска и БиХ. Победниците од овие два дуели ќе играат во финалето в недела во истиот термин. Кадетките, пак, утре ќе бидат слободни, а в сабота ќе се соочат со составот на Полска во второто полуфинале од 18 часот. Претходно Шпанија ќе игра против Исланд. Победниците од овие два натпревари в недела од 16 часот ќе играат во финалето.

Желбите и очекувањата се Македонија да обезбеди две финалиња, а утре и задутре ќе се види дали в недела ќе може да се ужива во два натпревари еден по друг на кои Македонија ќе се обиде да направи голем успех.