сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Последната анкета на НДИ е силна порака до дезертерот Заев дека ја губи поддршката од народот

ВМРО-ДПМНЕ: Последната анкета на НДИ е силна порака до дезертерот Заев дека ја губи поддршката од народот

Вртоглаво паѓа довербата на граѓаните кон оваа криминална власт на СДСМ. Без никакви резултати и проекти за граѓаните, целосно изгубени во криминалот и личното богатење на фамилијата на власт, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека трите столба на владеењето на СДСМ и Зоран Заев се криминал, корупција и неработење.

-Неспособноста за менаџирање на здравствената и економската криза го топи рејтингот на СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ се одлепува од СДСМ на сите анкети кои се спроведени изминатиот период. Последната анкета на Националниот демократски институт е силна порака до дезертерот Зоран Заев дека ја губи поддршката од граѓаните. Наместо отварање на нови фабрики, отварање на нови работни места, нарко босот Зоран Заев преку злоупотреба на европското знаменце сака да го протурка законот за марихуана. Закон кој е единствено од интерес на нарко мафијата, односно на картелот Заеви кои ја предводат таа мафија. Анкетите покажуваат дека народот е разочаран и незадоволен поради неисполнувањата на ветувањата за Европската унија од страна на власта. Нема никаков напредок во владеењето на правото, напротив секојдневно гледаме селективна правда, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека аболицираниот криминалец Зоран Заев е свесен дека секојднево ја губи поддршката на народот, свесен е, а и анкетите му го покажуваат истото. Одговорноста за целиот криминал и уништувањето на Македонија ќе има.

Најнови вести