Осум лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајна несреќа на автобус во Унгарија, во близина на Будимпешта соопшти тамошната полиција.
Во автобусот се наоѓале повеќе од 50 патници, јави агенцијата МТИ.
Автобусот се движел во правец кон Будимпешта кога од непознати причини излетал од патот и се превртел, на 70 километри западно од главниот град на Унгарија.
Две лица се тешко повредени, а 46 се здобиле со полесни повреди.
ФОТО: Ројтерс