Најмалку 57 лица загинаа како последица на поплави и лизгање на земјиште на црноморското крајбрежје на Турција, соопшти турската Агенција за борба со катастрофи и вонредни состојби.
Поројните дождови во црноморските окрузи Кастамону, Синоп и Бартон во средата предизвикаа поплави што уништија станбени згради, автомобили и направија голем број патишта непроодни. Најмалку пет мостови се оштетени.
Според Агенцијата, 48 лица загинале во Кастамону, осум во Синоп и еден во Бартон. Осум лица се хоспитализирани.