петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија има ЗЛАТНИ девојчиња, ракометните кадетки го освоија шампиoнатот во Литванија

Македонија има ЗЛАТНИ девојчиња, ракометните кадетки го освоија шампиoнатот во Литванија

Македонскиот ракомет освои злато во женска конкурнеција , откако селекцијата до 17 години славеше над Исланд со (26-27) и заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија, со што се обезбеди и место на кадетското Европско првенство.

Иако без селекторот Савевски, кој доби црвен картон на претходната средба и беше суспендиран, нашите ракометарки одиграа борбена и херојска партија, дојдоа до триумф над ривалот по една игра на нерви и најавија дека женскиот македонски ракомет има иднина на која мора да се смета. Оваа генерација е надежна и сигурно има што да покаже и понатаму.

Феноменална партија во финалето имаше Теодора Дукоска со 11 гола од 14 обида, пред Ризоска со седум и Коцева со пет. Младеновска додаде уште три гола.

Кај Исланд, Агустсдотир, Елиасдотир и Торкелсдотир имаа по четири реализации.