Македонскиот ракометен тренер Стевче Алушовски кариерата ќе ја продолжи во странство, каде во првиот интернационален ангажман ќе работи на Исланд.
Тренерот кој до скоро беше предводник на европскиот великан Вардар, се пресели во исландскиот ракомет каде ќе работи во второлигашот Тор Акурејри. Договорот меѓу Алушовски и клубот е потпишан и важи за следната сезона и тимот ќе атакува на враќање во елитата од каде испадна лани.
Алушовски веќе пристигна на Исланд, ги заврши сите формалности и ја имаше првата средба со екипата. Целта е да се состави добар тим, да се селектира најдоброто и да се обезбеди враќање во првата лига. Кај тренерот, постои голем оптимизам дека она кое се посакува ќе биде успешно сработено.