сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги објави досега утврдените кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги објави досега утврдените кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги објави имињата на досега утврдените кандидати за градоначалници за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Одлуката била донесена вчера на седницата на Централниот комитет на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца, напиша вчера на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика!

Најнови вести