четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со стари истрошени кадри заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори во октомври

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со стари истрошени кадри заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори во октомври

СДСМ со стари истрошени кадри заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори во октомври, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека новина не може да биде Петре Шилегов.

-Тој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар и нова инфарструктура. Шилегов ја продаде градската куќа и никој не знае за што ги потроши 12.5 милиони евра од продажбата на истата, ниту пак некој знае зошто Скопје плати противпожарна скала поскапа за 1 милион евра во однос на иста таква во Загреб?! Нов кадар не може да биде Константин Георгиевски. Тој нема храброст да и се спротистави на урбаната мафија, а го загрози и статусот на Охрид во УНЕСКО. Во Охрид 4 години нема ниту еден нов проект, а градот не се развива правилно. Сашко Николов не е ново лице за Штип. Николов е арогантното лице на СДСМ. Тој нема направено ништо за градот, а неговите роднини од Баргала оставија стотици луѓе без леб. Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Александар Наумовски, Борче Георгиевски се несреќа за своите општини. 4 години основни проблеми не можат да решат. Шанса за втор мандат Заев дава и на заштитниците на криминалот и поткупувачи на гласови градоначалниците на Валандово и Дојран. А кандидатура има и за градоначалникот на Босилово коој легализираше објект за марихуана на бизнис партнери на Заеви, се наведува во соопштението на партијата.

Со своите кандидати СДСМ покажува дека нема што ново да понуди. Наредните 4 години, со СДСМ би биле исто како и изминатите 4. Криминал, сиромаштија и стагнација.

Време е да ставиме крај на сивилото. Време е за Македонија за сите луѓе.

Најнови вести