вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

За брзо возење казнети 290 возачи

За брзо возење казнети 290 возачи

Во текот на вчерашниот ден (16.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 290 возачи.

Од нив, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Најнови вести