понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 340 казнети возачи, 87 за брзо возење

Скопје: 340 казнети возачи, 87 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 340 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 29 мерка за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.