петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 333 возачи во Скопје, 119 за брзо возење

Казнети 333 возачи во Скопје, 119 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на Град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 119 санкции, 24 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Како што соопшти МВР, изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.