четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Циципас решен да го симне Ноле од врвот: Гркот

Циципас решен да го симне Ноле од врвот: Гркот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас игра во одлична форма во вториот дел од тениската сезона од вчера ја започна втората седмица како трет рекет на светот.

Тој смета дека овој успех е многу важен за него, а за следен чекор во кариерата го гледа нападот на самиот врв, каде веќе подолго време престојува Новак Ѓоковиќ.

„Да се видиш себеси на третото место на АТП е важно. Тоа беше мојата цел на почетокот на сезоната, и сега ќе морам да останам на тоа место и постојано да освојувам бодови. Разликата меѓу вториот и четвртиот е многу мала. Мала е разликата и помеѓу второто и четвртото место.

Пред неколку недели се разбудив во понеделник и некој ми рече дека сум стигнал до третото место на АТП ранг листата. Не знаев каков резултат мораше да постигне Надал, бидејќи не ја следев приказната, но се чувствував добро. Следниот чекор е напад на првото место и се надевам дека ќе успеам еден ден“, вели Гркот.

Во моментов Циципас има 8.350 поени, на второто место е Медведев со 10.120, додека Новак е на врвот со 12.113 бода.