понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски : Анти-Ковид мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните

Мицкоски : Анти-Ковид мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во општина Гостивар, одговарајќи на новинарско прашање запрашан како тој ги коментира новите анти-Ковид мерки односно нивното спроведување, тој кажа дека анти-Ковид мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните.

-Мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните како во едни минати времиња, што не е добро бидејќи поделбите не носат решение, туку напротив, поделбите ги продлабочуваат проблемитe, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е за еден инклузивен процес, стимулативен процес со којшто сите граѓани ќе бидат задоволни бидејќи уставно загарантирано и законско право е на секој граѓанин правото на избор и истакна дека тој е за онаа страна која повикува континуирано на вакцинација.

-Нема никогаш да си дозволам ниту човечки, ниту како педагог родител и политичар да правам поделби на граѓаните бидејќи тоа е навистина непримерно и тоа навистина не води кон трајно решение на проблемот, рече Мицкоски во Гостивар.

Најнови вести