Клучното што треба да го направат политичките партии во Македонија е да се обединат од околу еден концепт на борба со организираниот криминал и корупција и промена на оваа корумпирана и неспособна власт. За тоа потребно е сите гласови да се на едно место. Да не заборавиме дека ова се мнозински избори, дека ова се избори со кои што со еден глас плус или минус се добива или се губи градоначалник и за тоа е потребно сите гласови да се на едно место. 100 гласови за една помала политичка партија можат да значат шанса за Зоран Заев. За тоа гласот за здружената опозиција, гласот за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе ја предводи здружената опозиција е глас за рушење на оваа Влада, нагласи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.
Николоски додаде дека, гласот за помали политички партии кои што би останале надвор од здружената опозиција е всушност глас за Зоран Заев.
„Природно е да имаме различни ставови за тоа сме различни политички партии но она што е клучно е дека имаме исти став, а тоа е дека Македонија треба да исчистена од криминал и од корупција и дека оваа власт која што кажав дека е неспособна и корумпирана мора да падне. Е, во тој дел потребно е да се обединиме со сите политички партии од опозицијата кои што припаѓаат условно кажана и на македонскиот и на албанскиот кампус, како и на помалите етнички заедници на Турците, на Србите, на Ромите, на Власите, на сите кои што сакаат да ни помогнат во оваа мисија“, појасни Николоски.