сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанскиот водач Барадар пристигна во Кабул за да преговара за влада

Талибанскиот водач Барадар пристигна во Кабул за да преговара за влада
EPA-EFE/STRINGER

Талибанскиот водач мула Абдул Гани Барадар пристигна во Кабул за да разговара за формирање нова авганистанска влада.

Според голем дел од аналитичарите се очекува токму тој да биде идниот претседател на Авганистан, со оглед на огромната популарност што ја ужива, но и како еден од најблиските соработници и на предводникот на муџахедините мула Омар, кој почина во 2013 година.

Барадар се врати во Авганистан од Катар, каде што во улога на шеф на политичкото крило на талибанците, во Доха со месеци ги водеше преговорите со САД, а потоа и мировните преговори за Авганистан.

Барадар беше уапсен во 2010 година и ослободен од пакистанскиот затвор пред помалку од три години на барање на САД.

Барадар роден е во провинцијата Урузган во 1968 година и израснал во Кандахар. Тој се придружи на борбата на муџахедините против Советите во 1980-тите и оттогаш напредуваше во хиерархијата на талибанците. „Гардијан“ пренесува дека неговиот прекар, поради бруталноста што ја користел, бил „касап“.