вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ураганот кој го погоди Мексико уби осум лица: Шест мртви се од исто семејство!

Ураганот кој го погоди Мексико уби осум лица: Шест мртви се од исто семејство!

Најмалку осум лица загинаа откако ураганот Грејс го погоди источниот дел на Мексико, каде донесе силен дожд и силни налети на ветер, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и поплави.

Најголем број загинати и најголема штета е регистриран во сојузната држава Веракруз, каде бурата искина дрвја. Бурниот ветер дувал со брзина до 200 километри на час.

Мексиканските власти наведуваат дека од осум загинати, шестмина се од исто семејство.

Во државата Салапа, голем број улици се прекриени со кал. Ураганот изгуби во интензитет кога го премина копното и прерасна во тропска бура.