Синот на српскиот политичар Ивица Дачиќ, Лука, е во врска со пејачката Милица Јовиќ.
Милица се прослави како ѕвезда на музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“.
Според пишувањата на медиумите, парот се запознал на летување во Египет, а заедно е подолго време.
Врската не ја експонираат јавно и не сакаат голем публицитет, но папараците успеале да ги фотографираат на еден концерт во Земун.
Нивните блиски велат дека љубовта меѓу нив цвета.