недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото од Бањска се гледа снег

Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото од Бањска се гледа снег

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека згрешил кога рекол дека на видеото објавено од косовските власти на кое се гледа Милан Радоичиќ се гледа и снег,и не е видео од тој ден.

Дачиќ за белградски медиуми изјави дека тоа е негова грешка и дека не сака никому да наштети или да оправда некого. Тој рече дека е важно сите да бидат свесни дека настаните во Бањска се една од најтешките ситуации од 2004 година, дека Србите се изложени на теророт на косовскиот премиер Албин Курти Според него, но и дека дел од меѓународната заедницата сака да ја префрли одговорноста само на Белград и Курти нема да го спроведе Бриселскиот договор и дека тој е единствениот виновен за ова што се случува. Тој додаде дека се поставува прашањето за акумулацијата на српската војска на административната линија и дека никој не прашува за косовските сили на северот на Косово.

Дачиќ повтори дека бројот на припадниците на српските вооружени сили на границата со Косово се намалува.