сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Kонкурсот за реонски попишувачи отворен до 25 август

Kонкурсот за реонски попишувачи отворен до 25 август

Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.

Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати во периодот до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање, соопшти Државниот завод за статистика.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx

Најнови вести