петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Тројца играчи на Марсеј ги открија последиците од блиската средба со бесните навивачи на Ница (Фото)

Тројца играчи на Марсеј ги открија последиците од блиската средба со бесните навивачи на Ница (Фото)

Натпреварот од француската Лига 1 меѓу Ница и Марсеј не го дочека својот крај, бидејќи во 75-та минута настана вистински хаос на теренот, во кој учествуваа и бесните ултраси на домашниот тим.

Навивачите на Ница го удрија Димитри Паје со шише во неколку наврати, но ситуацијата ескалираше на 15 минути пред крајот кога првата ѕвезда на гостинскиот тим реши да врати едно од шишињата на трибината.

Во овој момент настана вистински хаос и ултрасите на Ница тргнаа во пресметка со фудбалерите на Марсеј, а само брзата реакција на обезбедувањето и одбранбениот пристап од самите играчи на Ница спречија да видиме масовна тепачка.

Сепак, дел од играчите на Марсеј завршија во рацете на навивачите на Ница, а тоа пред се важи за Димитри Паје, Матео Гендузи и Луан Перес.

Тројцата покажаа какви последици имаат од блиската средба со фановите на домашниот тим, кои едвај беа додржани да не режираат уште поголем срам. Во моментите на лудило, Хорхе Сампаоли како тренер на Марсеј едвај беше додржан да не влезе во физичка пресметка со непосакуваните гости на теренот, додека неговиот помошник нокаутираше еден од навивачите на Ница.