Новак Ѓоковиќ го продолжи договорот со компанијата „Лакост“, која изработува опрема за него од 2017 година
Најдобриот тенисер во светот ќе биде заштитно лице на „Лакост“ до 2025 година, а овој договор ќе биде едно од најголемите спонзорства во неговата кариера.
Тој го потпиша својот прв договор во 2017 година, кога имаше голем пад во кариерата, но се беше надоместено по операцијата на лактот, кога Новак почна да доминира и кога го изгради својот пат до 20. Гренд слем трофеј.