четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Членовите на Ролинг Стоунс се збогуваат од Чарли Вотс: Особено е тажна објавата на Кит Ричардс

Членовите на Ролинг Стоунс се збогуваат од Чарли Вотс: Особено е тажна објавата на Кит Ричардс

Чарли Вотс, тапанарот на Ролинг Стоунс, почина на 81 -годишна возраст, а многу светски sвезди се збогуваа со великанот на рокенролот, од Елтон Џон, Брајан Адамс, Дејвид Ковердејл и други.

Сите се согласија дека тој е врвен музичар и вистински џентлмен.

Од Чарли Вотс се збогуваа и неговите колеги од Ролинг Стонс. Мик Џегер на социјалните мрежи објави фотоградија од тапанарот и не напиша ниту еден збор, што доволно говори колку веќе му недостасува.

Рони Вуд објави заедничка фотографија со Чарли Вотс и напиша:

„Те сакам, близнак колега. Многу ќе ми недостасуваш. Најдобар си.“

Објавата на Кит Ричардс е дефинитивно најтажна. Имено, тој објави фотографија каде се наоѓаат само тапаните на кои свирел Чарчи Вотс, со натпис „затворено“. Кит Ричардс не успеа да напише ни збор, што е сосема доволно.

Најнови вести