недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Ролинг стоунс“ утре ќе го претстават новиот албум

„Ролинг стоунс“ утре ќе го претстават новиот албум

Легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“ по 18 години ќе објави нов албум којшто воедно ќе биде и прв по смртта на долгогодишниот член – тапанарот Чарли Вотс.

Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд в среда ќе гостуваат во емисијата на познатиот американски водител Џими Фалон, каде што официјално ќе го претстават новиот албум „Hackney Diamonds“, а тоа ќе може да се гледа и на Јутјуб.

„Лондонска општина Хекни можеби е срцето на „Hackney Diamonds“, но ова е вистински миг што треба да го споделиме со обожавателите од цел светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната интернет-страница на бендот.

Рок-составот постои од 1962 година. (МИА)