вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Шаленберг: На Авганистан не треба да му се дозволи да стане расадник за тероризам

Шаленберг: На Авганистан не треба да му се дозволи да стане расадник за тероризам

Мора да се вложат сите напори за да се спречи Авганистан да стане расадник за тероризам, изјави денеска министерот за европски и надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг за време на заедничката прес-конференција со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој престојува во посета на Виена.

– Меѓународната заедница мора да стори сé за да го спречи Авганистан повторно да стане инкубатор за меѓународен тероризам, рече тој.

Шаленберг го опиша авганистанскиот проблем како „најитно прашање на меѓународната агенда“.

Мора да се спречи и огромниот бран миграција. Мора да им помогнеме на Авганистанците и да дозволиме бранот миграција да стигне до нашите граници, нагласи шефот на австриската дипломатија, пренесува БГНЕС.

Лавров, од своја страна, рече дека по завршувањето на воената кампања во Авганистан, главниот заклучок е дека „не треба да учиме никого како да живее, а камоли да ги принудуваме“.

– Видовме во Либија, во Сирија, во Ирак и во Авганистан дека Американците сакаа да ги натераат да живеат како што Американците сметаат дека е правилно. Секој нека се занимава со своите проблеми – секоја земја има доволно проблеми, рече рускиот министер за надворешни работи.

Според него, по акциите на САД во наведените земји, заканата од тероризам во светот е зголемена, обемот на трговија со дрога е зголемен, проблемите со миграцијата се интензивираат, вклучително и во Европа.

– Не треба да се мешаме во туѓите работи. Не смееме да користиме сила прекршувајќи ја Повелбата на ОН, заклучи Лавров.