вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Општини

На Скопје му треба компетентен градоначалник: Kоја е Данела Арсовска?

На Скопје му треба компетентен градоначалник: Kоја е Данела Арсовска?

Претседателката на ССК, Данела Арсовска преку социјалните медиуми ја побара поддршката од граѓаните кои сакаат промени информирајќи дека на претстојните локални избори ќе настапи како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Kоја е Данела Арсовска?

Арсовска е родена во 1979 година во Скопје, каде што живее и има
завршено основно и средно образование. По професија е правник, а
дополнителна извршна едукација има од Универзитетот Оксфорд и
Универзитетот Шефилд. Арсовска е член на Сојузот на стопански комори на
Македонија од 2005 година, со кој успешно раководи од 2014 година. Еден
од основачите е на Македонската асоцијација на жени претприемачи и
поддржувач на корпоративната општествена одговорност во приватниот
сектор. Таа работи како меѓународен експерт и е дел од економскиот
сегмент кој ги креира политиките за интегритет и усогласување на
регулатива за лидерите на земјите на Г20, најсилните економии на светот.
Едновремено како експерт соработува и е дел од најрелевантните
меѓународни организации на глобално ниво.

Арсовска во 2018 година стапи на највисоката позиција во раководството
на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со
над 12.700 стопански комори од целиот свет, информација која одекна на
глобално ниво со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители
на таа функција. Истата година наградена е од Светскиот форум на бизнис
ангели како Најдобар женски пример во деловниот свет за Југоисточна
Европа.

Во 2019 година Арсовска е избрана во бордот на Глобалниот комитет на
жени лидери, предводен од Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела, меѓу
интернационално познати имиња како Колинда Грабар Китаровиќ, поранешен
претседател на Хрватска, Аменах Гуриб Фахим 6ти претседател на
Маурициус, Мари Кристин Огли претседателот на Светската Асоцијација на
жени претприемачи. За поддршката на регионално ниво на 6тиот Самит за
претприемачи на Централна и Југоисточна Европа добитник е на признание
за допринос во развој на претприемништвото. Владата во 2020 година дава
согласност и го отвора Конзулатот на Унгарија во Македонија со
назначување на Арсовска за почесен конзул.

Во 2019 година Арсовска ја покренува иницијативата на жени во климатска
акција која отпочна активно преземање мерки за институциите и приватниот
сектор директно да придонесат за справување со загадувањето и
климатските промени. Дел е и од меѓународниот Гриновет проект кој
обединува 4 држави во развој на образование за екологијата со цел
овозможување зелена, иновативна, инклузивна и одржлива економија.
Активен член е на партнерската кампањата на Обединетите нации за
Деловниот климатски хаб преку која во 78 земји малите и средни
претпријатија отпочнаа активно делуваат за намалување на емисиите на
стакленички гасови и справување со климатските промени.