вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 200 автомобили изгореа во паркинг-гаража северно од Стокхолм

Најмалку 200 автомобили изгореа во паркинг-гаража северно од Стокхолм

Паркинг-гаража со 200 автомобили беше опожарена во текот на ноќта во шведскиот град Марста, северно од Стокхолм, јави ДПА.

-Покривот на гаражата се урна и објектот веќе не може да се спаси, изјави портпаролот на спасувачките екипи за шведската новинска агенција ТТ.

Напорите за гаснење на пожарот беа многу тешки, додаде тој, опишувајќи ја ситуацијата како „да сте во висока печка“.

-Поради топлината, пожарникарите не можеа доволно да се приближат до возилата, рече тој.

Пожарот сепак е ставен под контрола и засега нема информации за повредени, пренесува ДПА.

Причината за пожарот се уште испитува.