четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Најавата за коалиција па излегување со одделни кандидати на СДСМ, БЕСА И ДУИ е веќе видено и претстава за граѓаните и чиј мотив се лагата и голата власт

Митева: Најавата за коалиција па излегување со одделни кандидати на СДСМ, БЕСА И ДУИ е веќе видено и претстава за граѓаните и чиј мотив се лагата и голата власт

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што БЕСА излегува со посебни кандидати од СДСМ и бара од нив да не им се мешаат во битката со ДУИ во општините со доминантно албанско население, вели дека сето тоа е  уште една претстава за граѓаните чиј мотив се лагата и голата власт.

Митева посочи дека такво нешто видовме и претходно кога едни за други си велеа дека се криминалци, а потоа коалицираа.

– Прво ја најавија коалицијата, а сега гледаме дека имаат одделни кандидати. Не така далеку беше времето кога велеа едни за други дека се криминалци, па потоа коалицираа и очигледно ова е уште една претстава за граѓаните и чиј мотив се лагата и голата власт, потенцираше Митева.

Најнови вести