вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КОЛУМНА: Крстопат меѓу хуманоста кон бегалците и безбедноста

КОЛУМНА: Крстопат меѓу хуманоста кон бегалците и безбедноста

Во Авганистан има 38 милиони жители од кои во последниве три месеци иселени се 250.000 авганистанци, а до сега се евакуирани приближно 80.000 лица. Во Авганистан ситуацијата е ужасна,скоро 70% од населението не сакаат да живеат под талибански режим,а екстремната сиромаштија е причина плус за луѓето да бегаат од ужаси, што пак сето тоа го создава проблемот со бегалците.

Огромни се сличностите, но истовремено и разликите меѓу бегалската криза во 2015/2016 година и ова што денес се случува.

Очигледна е внимателноста на Европа дека ситуацијата во Авганистан може повторно да предизвика миграциско „стампедо“ како во 2015/2016 година.Загрижени од таква реприза тежнеат Авганистан да остане “блиндиран”.Тогаш границите на државите кои беа целни дестинации беа отворени,денес недвосмислено истите држави испраќаат јасни пораки,нескриени зад превезот на хуманоста.

Соседните земји Иран и Пакистан имаат голем број авганистански бегалци и нема да дозволат прелевање ,Турција која години наназад е оптеретена со милиони бегалци на нејзина територија испраќа порака „ние не сме бегалски камп“ и истовремено гради ѕид во должина од 40 км по граничната линија.

Многу од европските земји отворено кажуваат дека нивните политики по ова прашање се различни од политиките за време на бегалската криза во 2015 година:

-“Не сакаме и не можеме да бидеме порта за влез во Европа на мигрантите и бегалците“изјави Митаракис
-Францускиот претседател Макрон изјави „Ние мора да учествуваме и да се заштитиме себеси против неконтролирани, нерегуларни миграциски движења“
-Од Австрија каде има 40.000 авганистанци, канцеларот Себастијан Курц го потенцира проблемот со нивната интеграција во општеството, која им создава дополнителни проблеми.
-Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година“ е ставот на Словенија која прифаќа максимум пет Авганистанци кои работеле за ЕУ.
„ЕУ нема да отвори европски “хуманитарни“ или миграциски коридори за Авганистан,со исклучок на преведувачи за европската дипломатска служба и локални логистичари со нивните семејства.
Каде исчезнаа хуманитерните повици од меѓународните организации кои беа прегласни во 2015/2016 година,зошто се тивки сега ?

Кога станува збор за однос кон ваквите состојби истовремено се јавуваат два аспекти кои што се неодвоиви еден од друг.

Од една страна имаме емпатија кон тој измачен народ и сфаќаме дека бегаат за да си го спасат животот и тешко дека ќе ги запрат ѕидови, разни бариери и препреки. Оние кои што ќе успеат да го напуштат Авганистан, на секаков начин ќе се обидуваат да стигнат до нивната целна точка,продирајќи исто како водата што секогаш наоѓа пат,но овој пат многу,многу потешко во споредба со состојбата во 2015 година.
Според најавите до сега 780 лица кои биле соработници во меѓународни организации и мисии,ќе престојуваат во нашава држава.

Вториот аспект на ваквите ситуации е безбедносниот ,кој отвара повеќе прашања.

-Со дозвола за престој од 90 дена,тие лица слободно ќе се движат се додека не им се обезбедат услови за прифаќање во трета земја .Се отвара прашањето на безбедност пред се на граѓаните во Македонија ,но и безбедноста на тие лица за кои постои можност да се цел на повратници од воените подрачја, кои што во регионов се реинтергираат.

-Колку време ќе биде потребно да се обезбедат услови за префрлање до целните точки ,имајќи во предвид дека е можно истите во рок од неколку часа да се транспортираат во трети земји одредени како крајни дестинации.
-Дали и какви безбедносни проверки се извршени и колку резултатите од истите се веродостојни.Земајќи во предвид дека доаѓаат од земја каде 4 децении се војува,довербата во системите и точноста на информациите е со голема резерва.
-Што ако меѓу нив има скриени екстремисти?
-Дали некои од нив ќе достават барање за азил и што потоа ако во третата земја истото лице не добие позитивен одговор на барањето за азил.
-Само 40% од авганистанското населените е писмено ,а само 20% од жените,што не беше случај со бегалците од Сирија. Големиот процент на неквалификувана работна сила не би им била атрактивна причина на европските земји поради која би имале корист да ги интегрираат во нивните земји.

Сакам да посочам дека хуманата страна потребно е со внимателност да ја дозираме. Пораката која што се испраќа во никој случај не смее да мотивира надеж на воскреснување на рутата низ Македонија кон крајните посакувани дестинации.

Целава оваа ситуација која колку ѝ да ни изгледа дека се случува далеку од нас, од претходното искуство треба да сме свесни дека проблемот може да биде мошне блиску.

Анастасија Илиеска,
Поранешен Државен секретар во Министерство за Внатрешни Работи и
Контакт точка на ЕУ за мигрантската криза 2015/2016 година

Најнови вести