Новинарот на Вол Њуз, Гај Елстер објави видео снимка на Твитер направена утрово во близина на аеродромот во Кабул.
– Вака изгледа очај. Огромен број луѓе утрово на аеродромот во Кабул, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат за нови напади, напиша Елстер.
Повеќе западни земји објавија дека воздушниот превоз сега е завршен, а САД ги затворија влезовите на аеродромот и не успеаја да им овозможат заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји во текот на 20-годишната војна.
Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул.
Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на џихадистичката група Исламската држава, против која се борат и талибанците.
This is how desperation looks like. Huge crowds at #Kabul airport this morning, despite yesterday carnage. US and UK warn from another attacks pic.twitter.com/GNgTDJDswv
— Guy Elster (@guyelster) August 27, 2021