вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за празникот Успение на Пресвета Богородица: Денешната порака да биде на обединување и надеж, а не за поделби и разочараност како што е денешното секојдневие

Мицкоски за празникот Успение на Пресвета Богородица: Денешната порака да биде на обединување и надеж, а не за поделби и разочараност како што е денешното секојдневие

Ќе ми дозволите најпрви да го честитам големиот православен христијански празник Пресвета Богородица, на православните христијани, да посакам здравје, среќа успех за нив и на сите граѓани во Македонија, без разлика на вероисповеста. Денеска е голем ден за православните христијани и очекувам она кое што како порака ќе пристигне од храмовите, но и од политичарите да биде порака на обединување, а не порака на поделби, порака на надеж, а не порака на разочарување како што за жал е денешното секојдневие, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Берово.

-Ова се моменти кога навистина сите треба да се надминеме себе си, да ги надминеме нашите разлики без разлика дали се тоа политички или човечки, да си подадеме рака еден на друг и еден на друг да бидеме пријател. Јас сум тука во Берово, потоа продолжувам во Пробиштип, продолжувам и во Крива Паланка. Ја користам оваа прилика да го честитам и денот на рударите, на оние кои секојдневно се во рударските окна кои што се борат да ги прехранат своите семејства. Додадената вредност која што ја генерираат во економијата во Македонија е практично да овозможат подобар живот за сите граѓани во Македонија, рече Мицкоски.

Најнови вести