Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе одржи прес-конференција.
Истата ќе започне во 14:30 часот пред седиштето на партијата во центарот на градот.
КУРИР изјавата ќе ја пренесува во живо веднаш штом истата биде започната.
Инаку ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска требаше да донесе одлука дали ќе ја поддржи независната кандидатка Данела Арсовска како кандидат за иден градоначалник на Скопје, а резултатите од одлуката ќе ја соопшти лидерот Мицкоски.