четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата казни 180 возачи во Скопје, 25 возеле пијани

Полицијата казни 180 возачи во Скопје, 25 возеле пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 25 за управување под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон, една за минување на црвено светло, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила и 9 за непрописно паркирање, информира МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.