среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 652 казни за брзо возење

МВР: 652 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 652 возачи.

Од нив, 61 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 312 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 340 надвор од населено место.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Најнови вести