вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина еден од најодликуваните американски глумци

Почина еден од најодликуваните американски глумци

Ед Аснер, еден од најодликуваните американски глумци на телевизија почина на 91 година. Во изјава која ја објави неговото семејство тој починал мирно, а причината за смртта не е откриена.

-Жал ни е што мора да кажеме дека нашиот сакан почина утринава. Нема зборови за да се изрази тагата која ја чувствуваме. Со бакнеж во главата – Добра ноќ тато, те сакаме, се наведува во соопштението.

Роден е во 1929 година во Мусури. Едвард Дејвид Аснер својата кариера ја започнал на колеџ.

Глумел многу на телевизија, а неговата најпозната улога е Лу Грант во емисијата „Лоу Грант“. Тој има голема кариера и како гласовен глумец. Го позајми својот глас со цртаниот филм „Up“ каде го играше мрзеливиот Карл Фредериксен, но неговиот глс може да го слушнете и во многу други цртани.

Неговиот глас повторно ќе се слушне во новото остварување “Up spin-off Dug Days” кое би требало да се појави идната недела на Дизни плус платформата.

Ед Аснер е добитник на седум Еми награди. По веста за неговата смрт од него се простуваат голем број славни личности.

Најнови вести