вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Во јули повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи

Во јули повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 9,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јуни, продажните цени се повисоки во групите Енергија за 9,9 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти и Капитални производи за 0,3 процентио.

Во однос на јули лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 24,8 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,7 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 15 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за два проценти и Капитални производи за еден процент.