среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Божинов: Ја преземам одговорноста за промена на работите во Општина Ново Село

Божинов: Ја преземам одговорноста за промена на работите во Општина Ново Село

Кандидатот за градоначалник на Општина Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов на социјалните мрежи изрази благодарност до Извршниот Комитет на партијата и претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба.

-Им благодарам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село и сите мои сограѓани кои со добар збор ме исправија пред уште еден голем предизвик. Истовремено честитам на мудриот избор и проценката дека во конкретниот момент потребна е млада енергија за да ги промени работите во нашата општина. Јас ја превземам одговорноста и ќе водам напред, Ве повикувам да ми се приклучите на патот кој заеднички ќе го изодиме многу полесно. Јас сум научен да се борам и ова е борба од која не отстапувам. Со Господ напред – Ќе победиме, пишува на Фејсбук Божинов.