среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во среда во Скопје ќе се прска против комарци

Во среда во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје известува дека во среда (01.09.2021 година) ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Авионското прскање против ларви од комарци ќе се реализира на 01.09.2021 година, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира на 01.09.2021 година, во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.