среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почина поранешниот прв човек на ИОК, Жак Рог

Почина поранешниот прв човек на ИОК, Жак Рог

Поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет, Жак Рог почина денеска на 79-годишна возраст.

Белгиецот ја водеше најголемата спортска организација од 2001 до 2013 година пред да биде наследен од актуелниот претседател Томас Бах. Тој беше спортист во своите млади години и ја претставуваше својата земја на три Олимпијади во едрење.

Олимпиското знаме ќе биде спуштено на половина копје во следните пет дена во куќата на ИОК, „Олимписката куќа“, Олимпискиот музеј и останатите институции на ИОК.