среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ангеловски: Фокусот ни е најмногу на Финците

Ангеловски: Фокусот ни е најмногу на Финците

Либерото во составот на одбојкарската селекција на Македонија, Дарко Ангеловски, ги кажа очекувањата пред стартот на Европското првенство (ЕП) кое се игра во повеќе земји во месец септември. Ангеловски истакна дека фокусот целосно е вперен кон првата средба против селекцијата на Финска, инаку една од земјите-домаќини на ЕП 2021.

„Првиот натпревар на првото Европско првенство го игравме против Финска и бевме во грч затоа што дебитиравме на европската сцена. Вторпат отвораме со Финска, со тоа што сега сме поискусни за две години. Фокусот ни е најмногу на Финците, а потоа ќе ги гледаме другите противници и ќе се подготвуваме за да оствариме позитивни резултати“, вели либерото во црвено-жолтиот состав, Дарко Ангеловски.

Натпреварот меѓу Финска и Македонија во Тампере ќе го отвори ЕП 2021. Мечот е закажан на 1 септември со почеток од 17:00 часот.