среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР ИНТЕРВЈУ со кандидатот Александар Георгиевски: Илинден ќе биде општина на еднаков пристап кон секој граѓанин  и со фер пристап кон бизнисот

Од самиот старт треба да ја направиме општина Илинден вистински  давател на услуги, да ја направиме отворена и достапна општина во која секој граѓанин ќе има можност да си ги реализира своите потреби и барања но и институција со задоволни и мотивирани вработени. Зашто само така би можеле да се надеваме на успех во работат, вели Георгиевски.  
КУРИР ИНТЕРВЈУ со кандидатот Александар Георгиевски: Илинден ќе биде општина на еднаков пристап кон секој граѓанин  и со фер пристап кон бизнисот

КУРИР: Кој беше мотивот да се кандидирате за прв човек на општината?

Моите корени се оттука, моето семејство со генерации наназад живее во Илинден, па затоа и имав желба, но чувствував и должност дека треба да го дадам мојот личенвлог за својата општина на која што сметам дека и требаат промени и свежи лица кои ќе имаат нови идеи и нова енергија. Мојата цел е да го подигнеме Илинден на едно повисоко ниво. Меѓу другото јас сум актуелен претседател на Советоти во изминатиов период имав прилика и одблиску да ги следам процесите во нашата општина и многу добро сум запознаен кои се проблемите, но и решенијата за Илинден. Затоа сметам, дека имам и кредибилитет и капацитет да бидам градоначалник на општината и заедно со поддршката од граѓаните и сите останати општествени чинители да дадеме еден нов модерен правец на функционирање на општината.

КУРИР: Што велат граѓаните од комуникацијата и средбите?

Граѓаните имаат свои потреби и очекувања и сакаат подобри и поквалитетни услуги од локалната самоуправа. Не сакаат кампањско работење, туку работа врз основа на програма и во континуитет. Граѓаните сакаат да бидат прашани за нивните приоритети, очекуваат транспарентност и достапност како и поблиска и отворена соработка со локалната самоуправа, затоа што општината треба да биде вистински сервис за нивните потреби, а не недостапна институција. Граѓаните ја препознаваат нашата искреност и отвореност и даваат недвосмислена поддршка за нашите визии и идеи. ВМРО – ДПМНЕ цврсто ќе стои зад она што е програма и конкретни проекти затоа што има и соодветни капацитети да го реализира ветеното, граѓаните го препознаваат тоа и затоа нивната поддршка е најзначајна.

КУРИР: Оттука со што би стартувале во вашата работа?

Има многу прашања со кои ќе треба да се занимаваме уште од самиот старт. Потребно е системски пристап базиран на соодветен план за работа. Приоритетите се секако во делот на животната средина, инфраструктурата, здравството, безбедноста во сообраќајот, урбанизмот, образованието, младинските организации итн. За сите овие области имаме и план и визија кои првично ќе бидат претставени во нашата програма, а понатаму и институционално имплементирани. Мораме да се грижиме за рамномерниот развој на општината. Секое населено место си има свои потреби, но и  различности, затоа ќе направиме Илинден да биде пример за интегрирана општина.

Но, исто така сметам дека уште од самиот старт треба да ја направиме општина Илинден вистински  давател на услуги, да ја направиме отворена и достапна општина во која секој граѓанин ќе има можност да си ги реализира своите потреби и барања но и институција со задоволни и мотивирани вработени. Зашто само така би можеле да се надеваме на успех во работата.

 КУРИР: Од кои начела ќе се водите во работата?

Секако дека основните начела ќе бидат чесноста, искреноста, транспарентноста, владеењето на правото, а со тоа и влевање сигурност кај граѓаните во водењето на постапките и процесите пред локалните институции. Еднаков пристап кон секој граѓанин без разлика на неговата етничка или политичка припадност, фер пристап кон бизнис секторот без „привилегирани бизнисмени“ и компании.

Најнови вести