Сакам да истакнам дека за мене оваа кандидатура претставува предизвик, јас сум човек кој потекнува од оваа средина и го доживувам Центар не само како Центар на главниот град, туку воедно и домаќин на сите државни институции и луѓето кој што ги претставуваат тие институции, истакна денеска кандидатот за градоначалник на Општина Центар, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.
Така што самата положба на општина Центар за сите нас е предизвик, но во исто време треба да знаеме дека, за нас ќе претставуваат сите 45 илјади жители во оваа општина, а тоа значи наш одговорен однос, еден посебен начин на работа, бидејќи јас за себе сметам дека сум високо квалификуван работник и така ќе се поставам и во работата и во односот на она што претставува вистински проблеми, вистински предизвици и потреби во општината Центар.
За мене исто така значајно што во ова време ние сме веќе заедно, како еден опозициски граѓански блок, тоа е препознаено и од големата партија и мислам дека во таа насока треба да се движат работите, бидејќи знаете колку сме повеќе заедно толку повеќе сме посилни а тоа значи еден сосема подруг начин на однесување и живот и работење во општина Центар, вели Котлар.