вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МИЗЕРИЈА: Учениците добија партали од учебници, родителите изреволтирани (ФОТО)

МИЗЕРИЈА: Учениците добија партали од учебници, родителите изреволтирани (ФОТО)

Наместо денес да бидат среќни и спокојни, со насмевка да ги испратат и дочекаат своите деца на првиот училишен ден, родителите мака мачат.

Прво, до пред 2-3 дена не знаеја ни која смена им се дечињата, ни како наставата ќе биде спроведена. Од протоколите не се задоволни.

КУРИР работи на повеќе теми кои денес како проблеми ни ги обелоденија родители од цела Македонија, а по одговорите кои ги чекаме од надлежните, истите ќе ги објавуваме.

Денес, да зборуваме за учебниците кои учениците ги добија во училиштата.

Голем број на родители ја контактираа редакцијата на КУРИР, откако ги добија улебниците. Велат, лепени страни – партали добиле.

Дел од нивните изјави ви пренесуваме во продолжение:

„Не очекував нови учебници, сепак, бесплатно ги добиваме. Но, на што личат овие крпеници? Моето дете треба сложувалки да игра, да бара која страна на кое место треба да биде“!

„Ве молам погледнете од што треба да учи мојот син. Зарем мислат дека сме толку мизерни и очајни, па ни фрлија вакви книги како парче месо да фрлаш на куче“?!

„Детето ми рече дека од овие книги не може да чита, фалат делчиња од страни, цели страни нема. Лепено, прелепувано. Катастрофа“.

„Нека учат нивните деца од ваква мизерија! Или за нив има нови учебници? Ова е плукање во лице за нас, родителите. Не сме ние во минатиот век за децата нормална книга да немаат“….

КУРИР ви ги пренесува фотографиите кои ги добивме од наши читатели.

Погледнете какви книги добиле децата. Ова е срамно и потценувачки и децата ваков лош третман НЕ заслужуваат!!!

 

 

Најнови вести