вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Секси трдуница на плажа: Се соблече македонската водителка Милена Антовска и го покажа голото трудничко стомаче (ФОТО)

Секси трдуница на плажа: Се соблече македонската водителка Милена Антовска и го покажа голото трудничко стомаче (ФОТО)

Откако го прележа коронавирусот, ТВ водителката на Канал 5, атрактивната Милена Антовска Станковска објави дека повторно е бремена.

Имено, Милена и нејзиниот сопруг Гордан Станковски повторно ќе станат родители, а нивната ќеркичка Лана Марија ќе добие помлада сестричка, зашто водителката и овој пат носи девојче.

Во моментов Милена со семејството е на годишен одмор во Турција, каде сите заеднно одмораат и уживаат во последните летни денови за оваа година, морето, песокот, сончевите зраци и сета останата магија на летото во познатото одморалиште во Анталија.

Времето поминато на одмор со семејството, особено додека децата се малечки е време вложено во незаборавни спомени, па затоа Милена додека уживаше и ги полнеше батериите реши моментите на семејна среќа да ги овековечи за трајно сеќавање.

Како што веројатно беше неизбежно и трудничкото селфи на бремената водителка, која се соблече, па го покажа нараснатото трудничко стомаче.

Мора да признаете дека Милена која е во 5-тиот месец или поточно, во 19-тата недела од бременоста изгледа не само одлично, туку и многу привлечно.

Најнови вести