среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна состојба во државата Њујорк поради поплавите предизвикани од ураганот Ида

Вонредна состојба во државата Њујорк поради поплавите предизвикани од ураганот Ида

Американската држава Њујорк прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од ураганот Ида. Вонредната состојба стапи во сила ноќеска.

„Прогласувам вонредна состојба за да им помогнам на жителите на Њујорк по бурата“, напиша гувернерката на Њујорк, Кети Хочул на Твитер.

Ураганот го погоди централниот дел на источниот, атлантскиот брег на САД, предизвикувајќи поплави и торнада. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.