понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Борко Ристовски остана во карантин во Загреб, Вардар се врати дома

Борко Ристовски остана во карантин во Загреб, Вардар се врати дома

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 се огласи со соопштение откако не доби дозвола да игра на завршниот Ф4-турнир во регионалната СЕХА-лига поради еден позитивен случај. На тестовите позитивен бил тестот на голманот Борко Ристовски, па играчот ќе мора да остане во Загреб во карантин, додека другите играчи заминаа дома.

„Извршниот комитет на СЕХА лигата донесе одлука Вардар да биде исклучен поради еден позитивен случај. Според епидемиолозите во Загреб позитивниот член ќе остане во изолација 10 дена. Другите членови на екипата кои се вакцинирани, но не се поминати 14 дена од моментот на појавата на позитивен случај треба да одат во 14-дневна изолација.

Вардар беше подготвен да игра со оние играчи кои го има на располагање, но ниту за тоа не доби дозвола. Извршниот комитет донесе одлука Вардар да биде исклучен а на местото на Вардар во полуфиналето ќе игра екипата на ППД Загреб. Сите ракометари и стручниот штаб се вратија во Скопје, со исклучок на позитивниот член кој нема симптоми, но ќе остане во Загреб до понеделник и доколку има негативен тест се враќа дома.

За Вардар ова требаше да биде десеттото учество на Ф4 турнирите, со што влезе во историјата како единствен тим што учествувал на сите Ф4 турнири. Вардар останува посветен на остварување на своите цели во ЕХФ лигата на шампионите, домашното првенство и СЕХА лигата“, стои во соопштението на РК Вардар.